Лишен од слобода возач од Македонска Камeница – управувал возило под дејство на алкохол
На 29.11.2025 година во 01:15 часот, полициски службеници од СВР Штип на ул. ,,28 Август” во Македонска Каменица, го лишија од слобода Д.В.(34) од Македонска Каменица. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници запреле патничко возило „форд“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, кое го управувал Д.В., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,00 промили алкохол во крвта.

