На 28.11.29025 г.(петок) во КИЦ „Романса“ Македонска Каменица се одржа завршната вечер на III-то издание на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ Македонска Каменица. Свечената академија на која беа доделени признанијата на годинешните лауреати на фестивалот, беше збогатена со мини концерт на Драган и Ратко Даутовски, и поетски рецитал на Игор Трпчески, Слем поезија Македонија.

Годинешни добитници на признанија се: Драган Даутовски (музика), Мирко Узелац (иновации), Марин Александров (наука), Лазе Трипков (графички дизајн), Гоце Наумов (археологија), Георги Унковски (филм), Тони Цифровски (публицистика), МТФ „Војдан Чернодрински“ (театар), Македонската заедница во Република Хрватска, МКД „Охридски бисер“ Загреб и Ивана Брезовец (промоција на македонскиот јазик и култура во Р. Хрватска), Гоце Панговски (промоција на македонската историја и култура во дијаспората), Кристина Паскоска (антропологија), Македон Димитровски (млади надежи), Далибор Трајков (најчитан автор за 2025 во библиотеките во Македонија) и НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид (библиотека со најголем број издадени книги на домашни автори).
Традиционално, фестивалот во наредниот период ќе ја претстави работата на сите добитници на награди.

Планирано е работилници да одржат: Гоце Наумов (археологија), Лазе Трипков (графички дизајн), Мирко Узелац (иновации), Ласко Џуровски (типографија), Гоце Дуртаноски (калиграфија).
Промоции на книгите на Далибор Трајковски, Милијана Павловска и Љупчо Јолевски.
Изложба на Часословот на Јаков од Камена Река изложба на најдобрите трудови на Конкурсот за убаво пишување и калиграфија.

Пред фестивалот (27.12.2025г.), Ивана Брезовец пред учениците на СОУ„Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица и СОУ„Методи Митевски Брицо“ Делчево зборуваше за работата на Македонска заедница во Р. Хрватска и МКД „Охридски бисер“ Загреб.
На 18.12. 2025 г. во соработка со Прогресив академија и Макпрогрес Виница во Развојниот центар на Винчини во Виница, фестивалот ќе одржи Работилница за краснопис и калиграфија, на која ќе бидат доделени наградите на годинешните добитници од Конкурсот за убаво пишување – краснопис и калиграфија.


