Полицијата приведе возач под дејство на алкохол – најавени засилени контроли пред празниците
На 29 ноември 2025 година, во 22:54 часот, полициски службеници од СВР Штип привеле 54-годишен жител на Македонска Каменица, Д.Ј., кој бил затекнат да управува патничко возило „Хјундаи“ под дејство на алкохол. Возилото, со регистарски ознаки од Македонска Каменица, било запрено на улицата „Александар Македонски“, при што по извршената контрола било утврдено дека кај возачот е измерена концентрација од 2,00 промили алкохол во крвта.
Од полицијата информираат дека, поради зголемениот интензитет на сообраќај во пресрет на претстојните празници, следуваат засилени контроли со цел превенција и зголемување на безбедноста на патиштата. Упатуваат апел до граѓаните да бидат одговорни и да не управуваат возило под дејство на алкохол.


