Покана до децата и родителите за Божиќните поворки во Македонска Каменица
Со голема радост започнуваат подготовките за традиционалните Божиќни поворки, кои и оваа година ќе го донесат духот на радоста, љубовта и Христовото раѓање на улиците на Македонска Каменица. Од црквата ги повикуваат сите деца, како и нивните родители, да се приклучат на празничните подготовки исполнети со песни, рецитали и дружење.
Пробите ќе се одржуваат во просториите на храмот „Св. Успение на Пресвета Богородица“, секој термин од 15:00 часот. Предвидени се шест проби:
– 16.12.2025 година
– 18.12.2025 година
– 23.12.2025 година
– 25.12.2025 година
– 30.12.2025 година
– 03.01.2026 година
Од црквата истакнуваат дека пробите ќе бидат исполнети со пријатна атмосфера, песни, дружење и подготовка за најсветлиот ден – Христовото раѓање.
Големата Божиќна радост кулминира на Бадник, 06.01.2026 година, кога учесниците заедно ќе излезат низ улиците на градот, пренесувајќи ја празничната светлина и честитајќи го Христовото раѓање на сите жители.
„Секоја насмевка и секој глас се важни“, порачуваат организаторите, охрабрувајќи ги децата и родителите да учествуваат со ентузијазам, верба и радост во оваа традиционална божиќна поворка.

