ШК “Каменица Саса” објави повик за учество на општинско шаховско првенство за деца и младинци во Македонска Каменица
Шаховскиот клуб „Каменица Саса“ упатува повик за учество на затвореното општинско шаховско првенство во пионерска и младинска категорија, во машка и женска конкуренција, за возрасни групи до 12 и до 18 години.
Првенството ќе се одржува по Бергеров систем, со времетраење од 30 минути за секој натпревар. Пријавувањето е отворено секој ден во просториите на клубот, како и кај претседателот Лазо Стаменковски и секретарот Санде Ивановски. Последниот ден за пријавување е 08.12.2025 година.
За победниците се обезбедени пригодни пехари, а најдобрите ќе се стекнат со право да го претставуваат клубот на официјални државни натпревари.
Натпреварите започнуваат на 08.12.2025 година во 17:00 часот. Од клубот ги повикуваат сите заинтересирани деца и младинци да се пријават и да го покажат својот талент и љубов кон шахот.


