Денес, на 3 декември 2025 година, православните верници го одбележаа празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“.
По тој повод, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица беше отслужена Света Архиерејска Литургија, со началство на Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко, во сослужение со свештенството.

Пред почетокот на Литургијата, Епископот го ракопроизведе во чин ипоѓакон досегашниот чтец Благоја Калајџиски од Делчево. По читањето на Евангелието, тој упати содржајна беседа, во која ја истакна улогата и значењето на Пресвета Богородица за православните христијани.
Литургијата заврши со Светото Причестување, на кое верниците се причестија со Божествените Дарови.


