Институциите во Делчево со заеднички чекори против насилството врз жените
Во Делчево денес беше испратена силна и обединета порака за спротивставување на насилството врз жените. На работилница организирана од Организацијата ЖЕНА Делчево, претставници на МВР, Здравствениот дом, Центарот за социјални работи, Општинскиот совет, Трудовиот инспекторат и градоначалникот ја истакнаа својата подготвеност за заедничко делување и промовирање на еднаквоста.

Зоран Биковски во својата изјава нагласи дека заштитата на жените и борбата против секој облик на насилство бараат единство и континуиран ангажман. Тој подвлече дека е неопходно мажите да бидат охрабрени да преземат активна улога како заштитници и поддржувачи на жените во заедницата.
Настанот претставува значаен чекор во унапредување на меѓуинституционалната соработка и подигнување на општествената свест за превенција и справување со родово засновано насилство.
