Лишен од слобода делчевчанец осомничен за упатување на закани кон каменичанец
На 06 декември 2025 година, околу 21:20 часот, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Б.Р. (59) од Делчево. Приведувањето уследило по претходна пријава од С.М. (46) од Македонска Каменица, кој околу 19:50 часот пријавил дека во домот на Б.Р. во Делчево, по претходна расправија, осомничениот со остар предмет му упатил закани.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

