ИЗГОРЕ КАМИОН ВО СЕЛО КОСЕВИЦА – ИНТЕРВЕНИРАШЕ ТППЕ МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
На 9 декември 2025 година, во 12:10 часот, до ТППЕ Македонска Каменица била пријавена појава на запален камион во селото Косевица.

Екипата на Територијалната противпожарна единица веднаш излегла на терен со две противпожарни возила и тројца пожарникари.
Во моментот на пожарот, камионот бил натоварен со борови дрва. Повеќе детали наскоро, по официјалниот извештај од надлежните.


