Виница го најави “ВИНИЛЕНД” – магичен десетдневен новогодишен фестивал со богата програма за сите генерации

Виница најави магична празнична сезона со која градот ќе се претвори во вистинска празнична бајка!
Градоначалникот Митко Костадиновски ја најави десетдневната новогодишна програма „Виниленд“, наменета за сите граѓани кои сакаат да ја почувствуваат магијата на новогодишните и божиќните денови.
„Драги сограѓани, со радост ве поканувам да учествувате во нашите новогодишни активности и заедно да создадеме моменти исполнети со радост и топлина“, истакнува Костадиновски.
Програмата ќе понуди разновидни настани, забави и изненадувања за сите генерации, со цел Виница да блесне во празнично светло и да донесе насмевки на лицата на на сите наши граѓани, од најмали до највозрасни.
Граѓаните на Виница и од регионот, добиваат покана да се вклучат и да ја почувствуваат магијата на „Виниленд“ заедно со своите семејства и пријатели.


