На 10.12.2025 во 17:40 часот, полициски службеници од ОВР Делчево приведоа 16-годишник и А.М.(27), двајцата од Македонска Каменица.
При преземање службени дејствија, полициските службеници ги затекнале лицата на место викано „Горен водопад“ на река Каменичка во Македонска Каменица, при што малолетникот фрлил кеса и се обидел да побегне, но бил спречен и приведен. Притоа , на местото се пронајдени и одземени кеса со марихуана, дигитална вага и дробилка. Подоцна, со судска наредба, во присуство на неговиот татко, извршен е и претрес во домот на малолетникот, при што тој доброволно предал пакување со два цвета од растението канабис.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор на информацијата: Дневен Билтен на МВР

