КУД „ВЕРА ЈОЦИЌ“ ГО НАЈАВУВА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ГОДИШЕН КОНЦЕРТ
Културно-уметничкото друштво „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица и годинава го најавува својот традиционален годишен концерт, подготвен со многу љубов, труд и посветеност.
Настанот ќе се одржи на 20 декември во просториите на Домот на култура во Македонска Каменица, со почеток во 17:30 часот.

Публиката ќе има можност да ужива во богата програма исполнета со македонска песна, оро и фолклорни традиции што се пренесуваат од генерација на генерација. На сцената ќе оживеат автентичните звуци и чекори кои го негуваат и одржуваат македонскиот дух.
Организаторите упатуваат покана до сите љубители на фолклорот да бидат дел од оваа искрена вечер исполнета со музика, игри и љубов кон Македонија.

