Со вкупно над 130 уметници и изведувачи, цели 22 денови, во текот на цел ден со многу песна, забава, подароци, театарски претстави, филмски проекции, промоција на книги, афирмација на локални автори, диџеи, улични забавувачи, пантомима, маскоти и секако задолжителниот Дедо Мраз…

Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски заедно со вработените во ЕЛС Делчево, локалните училишта, детската градинка, Јавното комунално претпријатие, ТППЕ Делчево, здруженија на граѓани а пред се во сесрдна соработка со бизнис секторот и стопанството во општината и пошироко, на граѓаните на општина Делчево ќе им подари досега невидена и незаборавна новогодишна магија со содржини за сечиј вкус и внимание.
Денеска на прес конференција Градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски ја најави овогодинешната новогодишна манифестација “Зимска приказна”: Магијата започнува овде и ги образложи главните карактеристики на програмата.

