Стаменковски, Димитрова, Јангеловски и Костадиновски – добитници на наградите на шаховското првенство во Македонска Каменица
Во Ресторан „Кај Кацата“ во Македонска Каменица се одржа свечено доделување на наградите од затвореното шаховско првенство, во организација на Шаховскиот клуб Каменица Саса.
Наградите беа доделени во четири категории. Кај сениорите, првото место го освои Лазо Стаменковски, кај жените сениори најдобра беше Славка Димитрова, кај младинците наградата ја доби Андреј Јангеловски, а кај пионерите најуспешен беше Немања Костадиновски.

Најмладите членови на клубот добија новогодишни пакетчиња, а од Шаховскиот клуб Каменица Саса упатени честитки до сите учесници за постигнатите резултати.
На свечениот настан присутна беше и градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, која врачи дел од пехарите за најдобрите.


