Навивачката група “Багери” од Македонска Каменица со емотивна порака се простија од еден од настарите свои членови, Перо Десподовски. Пораката ви ја пренесуваме во целост:
Со голема тага и искрена болка, навивачката група “Багери” од Македонска Каменица, се простува од својот долгогодишен и еден од најстарите свои членови ветерани, Перо Десподовски кој по кратко боледување почина вчера.
Перо со години беше дел од навивачкта група и секогаш беше присутен на бројни спортски натпревари и наши активности.
Неговото име ќе остане запаметено меѓу Багерите и граѓаните на Македонска Каменица.
Почивај во мир!


