Македонска Каменица, 29. Декември 2025 година – Советот на Општина Македонска Каменица донесе одлука за прогласување тридневна жалост по повод смртта на нашата сограѓанка Симона Каранфиловска.
За денови на жалост се прогласуваат, 30 и 31 декември 2025 година, како и 1 јануари 2026 година.
Во периодот на жалост се откажуваат сите настани од забавен карактер, а знамињата пред институциите ќе бидат истакнати на половина копје.
Одлуката беше донесена со 11 гласови ЗА.

