Кочанец доби кривична пријава за присвојување археолошки наоди од османлискиот период
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.П. (56) од Кочани, сопственик и управител на правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.
Според пријавата, во просториите на правното лице биле пронајдени три мермерни плочи, за кои по извршена идентификација од страна на Комисија формирана при Националната установа Археолошки музеј на Република Северна Македонија е утврдено дека претставуваат оригинални археолошки наоди од османлискиот период и се дел од културното наследство.
Дополнително, пријавениот, без соодветно овластување, вршел истражувања и организирал презентации поврзани со македонизмот, со намера да оствари имотна и друга корист.

