Каменичката парохија упати покана до верниците да земат молитвено учество на Воскресната Утрена и Светата Божествена Литургија, кои ќе се служат утре во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица, по повод претпразненството на Рождеството Христово и Неделата на Светите Отци.
Воскресната Утрена ќе започне во 06:45 часот, а Светата Божествена Литургија во 08:00 часот.
Од парохијата упатуваат повик до верниците духовно да се подготват за големиот празник Христово Рождество, следејќи го примерот на Светите Отци, преку молитва, пост и љубов.
„Подгответе го патот Господов, порамнете ги Неговите патеки“, се вели во пораката на Каменичката парохија, која ги повикува сите со љубов да учествуваат во богослужбите.
Слава Му на Бога за сè!
Каменичката парохија со покана до верниците за молитвено учество на Воскресната Утрена и Светата Божествена Литургија
1 Min Read

