Свечена Бадникова богослужба во пресрет на Рождеството Христово
Денеска, на празникот Бадник, во храмот беше отслужена свечена и богослужбено богата служба, со која верниците молитвено се подготвија за Христовото Рождество.

Богослужбата започна со Царски часови, а продолжи со празнична Вечерна и Света Василиева Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство, епископот Делчевско-каменички г. Марко.

Преку заедничката молитва, верниот народ со благодарност и вера ја дочека радоста на Рождеството Христово, со желби светлината на Витлеемската пештера да донесе мир, љубов и духовна радост во срцата и домовите.

