Здружението на пензионери од Виница на 11 јануари 2026 година (сабота), со почеток во 11:00 часот, во Сината сала при Домот на културата во Виница, ќе го одржи традиционалниот концерт „Песна за мојот град“.
На концертот ќе настапат здруженија на пензионери од повеќе градови од Македонија – Куманово, Штип, Пехчево и Делчево, како и гости од Република Србија, односно Здружението на пензионери од Лесковац, со што настанот добива и меѓународен карактер.
Како специјални гости, со свои фолклорни настапи ќе се претстави и Фолклорниот ансамбл „Китка“ од село Истибања, кој ќе внесе дополнителен дух на традиција и културно наследство.
Настанот е отворен за јавноста и претставува уште една можност за дружење, културна размена и негување на музичката и фолклорната традиција.

