Приведени двајца мажи бидејќи си ги нападнале сопругите синоќа во Делчево.
На 10.01.2026 во 00:30 часот во село во делчевско полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода В.Н.(53) од делчевско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 53-годишна сопруга дека во семејниот дом во делчевско, физички ја нападнал, и упатил и закани. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
На 10.01.2026 во 00:50 часот во Делчево, полициски службеници го лишија од слобода А.И.(48) од Делчево, постапувајќи по претходна пријава од неговата сопруга дека во семејниот дом во Делчево, физички ја нападнал и го оштетил нејзиниот мобилен телефон. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

