Службен разговор во ПС Македонска Каменица по пријава за закани и агресивно однесување
На 9 јануари 2026 година во 15:00 часот, во Полициското одделение Македонска Каменица бил извршен службен разговор со М.С. (43) од село Косевица, општина Македонска Каменица.
Постапувањето следувало по пријава од Ф.В. (23) од Македонска Каменица, кој пријавил агресивно однесување и упатени закани.
Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот, против М.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок, согласно законските прописи.

