Приведен 72-годишен возач во Македонска Каменица со 2,27 промили алкохол
На 13 јануари 2026 година околу 19:30 часот, на улицата „28 Август“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода Д.Р. (72) од Македонска Каменица.
При контрола во патниот сообраќај било запрено патничко возило „Ауди“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал приведениот. По извршеното алкотестирање било утврдено дека возачот управувал под дејство на алкохол, со измерени 2,27 промили алкохол во крвта.
Возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

