Тара Димитровска Стаменковска повторно на драмската сцена во Македонска Каменица
По подолг период, Тара Димитровска повторно се враќа на драмската сцена во Македонска Каменица со нова театарска продукција планирана за 2026 година. Проектот носи автентична приказна и сцена блиску до публиката.

Во рамки на подготовките е објавен кастинг повик за сите заинтересирани и талентирани лица со изразена сценска енергија, храброст, чувство за хумор и способност за толкување реални карактери.
Рокот за пријавување е до 25 јануари 2026 година, а аудицијата ќе се одржи на 30 јануари.
Пријавувањето се врши по електронски пат со доставување кратко видео и текстуална биографија, а режијата на претставата е на Тара Димитровска. Проектот се реализира во соработка со КИЦ „Романса“ Македонска Каменица.

