По голема драма и борба во Хернинг, македонската машка ракометна репрезентација успеа да ја изненади големата Португалија, но не и да дојде до победа. Избраниците на Лазаров одиграа без победник 29-29 (13-15), реми кое сепак може да ја однесе Македонија во главнта рунда.
Македонските ракометари влегоа борбено во дуелот, и уште од првите моменти покажаа дека се спремни за надигрување.
По првите триесет минути македонските ракометари имаат два гола негатива 13-15. Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а кон средината на полувремето македонските ракометари поради три исклучувања имаа шест минути играч помалку. Главниот дефанзивец Никола Маркоски доби црвен картон во 15.минута. Голем проблем за македонскиот состав во вториот дел беше и повредата на Иван Џонов во 26.минута и неизвесно е дали ќе биде подготвен за игра за следниот меч.






