Епископот Марко началствуваше со Света Литургија и Богојавленски водосвет во Македонска Каменица
На 18 јануари 2025 година, во Неделата пред Богојавление – Водокрст, епископот Делчевско-каменички г. Марко началствуваше со Светата Архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица.
По читањето на светото Евангелие, епископот Марко одржа беседа во која ја протолкува евангелската перикопа, упатувајќи духовни поуки до присутните верници. На крајот од Литургијата, верниот народ се причести со Светите Божествени Дарови.
По завршувањето на богослужбата, епископот изврши и Богојавленски водосвет.

