Епископот г. Марко во посета на Дневните центри во Македонска Каменица и Делчево
На 20 јануари 2026 година, епископот Делчевско-каменички г. Марко ги посети Дневните центри во Делчево и Македонска Каменица, установи кои обезбедуваат целодневен престој и поддршка за лица со посебни потреби.

Во рамки на посетата, епископот оствари средби со раководителите и стручниот кадар во центрите, при што се запозна со начинот на работа, активностите и програмите во кои се вклучени корисниците. Тој ги посети и работните простории каде што се изработуваат различни ракотворби, како и тековните проекти и креативни работилници што се дел од нивното секојдневие.

При посетата, епископот г. Марко им врачи скромни подароци на корисниците, а тие му подарија неколку ракотворби изработени од нив самите, како знак на благодарност и внимание.

