МВР поднесе кривична пријава против полицаец за оддавање службена тајна
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Делчево против В.М., полицаец – приправник во СВР Штип, поради постоење основи за сомнение за кривично дело „оддавање службена тајна“ според член 360 од Кривичниот законик.
На 10.07.2025 година, В.М. остварила телефонска комуникација со лице користејќи број на својот брат и му соопштила информации за службени полициски дејствија за извидување со дрон, кои претставуваат службена тајна и биле планирани и извршени по оперативна акција.
Со ова дејствие, кое може да предизвика штетни последици за службата, пријавената сторила кривично дело. Одделот за внатрешна контрола најави дека ќе поднесе и предлог за поведување на дисциплинска постапка за утврдување на одговорност.

