КК Патриот со победа го отвори WABA турнирот во Ниш
Кошаркарките на КК Патриот со победа го започнаа последниот турнир од WABA лигата што се одржува во Ниш. Во првиот натпревар, Патриот беше поуспешен од екипата на КК Студент, славејќи со резултат 66:63.

Избраничките на Патриот имаа контрола врз натпреварот од првата до последната минута, во текот на мечот водеа и со разлика до 15 поени, а на крајот заслужено стигнаа до третата победа во натпреварувањето.
Турнирот продолжува утре, кога КК Патриот ќе се соочи со белградски Партизан, додека задутре следува дуел со Будуќност од Подгорица.
