Советникот Даме Спсевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Македонска Каменица го донираше својот прв советнички паушал на лицата со посебни потреби кои се корисници на Дневниот центар.
Како што информира Спсевски, станува збор за личен и искрен гест на поддршка и грижа кон граѓаните на кои помошта им е најпотребна.
Спасевски истакнува, дека преку хуманост, одговорност и личен пример може да се придонесе кон создавање подобра и посолидарна локална заедница.


