Со Божествена литургија во Македонска Каменица одбележан празникот на св. маченичка Татијана Римска
Денес, 25 јануари 2026 година, кога се одбележува Неделата по Богојавление и празникот на светата маченичка Татијана Римска, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица беше отслужена Божествена литургија.
Со литургијата началствуваше епископот Делчевско-каменички г. Марко. По читањето на Светото Евангелие, епископот одржа пригодна беседа, во која го протолкува евангелското четиво и неговото значење за верниот народ.
На крајот од богослужбата, присутните верници се причестија со Светите Божествени Дарови.

