На 26.01.2026 во периодот од 17:30 до 18:00 часот, по наредба на Основен суд Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево извршија претрес во домот и помошни простории на В.М.(30) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица.
При претресот, во гаража се пронајдени и одземени ловечка пушка „Црвена Застава“ калибар 16GA и седум кутии со вкупно 155 ловечки патрони калибар 16GA.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Веста во целост е преземена од Дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи.

