Торжествено прославен празникот на преподобниот Гаврил Лесновски во Лесновскиот манастир
На 28 јануари 2026 лето Господово, кога Светата Православна Црква прави спомен на преп. Гаврил Лесновски, преп. Прохор Пчински; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Високопреосвештениот Митрополит Врањски г. Пахомиј, кој чиноначалствуваше на Светата Литургија, Високопреосвештениот Митрополит Кумановско – осоговски г. Григориј и свештенослужители од СПЦ и МПЦ-ОА, отслужија Света Архиерејска Литургија во Лесновската света обител.

На Божествената Литургија присуствуваа директорот на Агенцијата за иселеништво на Р. Македонија г. Горан Ангелов, градоначалникот на општина Пробиштип г. Тони Тоневски и многуброен верен народ.
На крајот од Литургијата пригодна беседа произнесе Митрополитот г. Григориј, а по завршувањето на Литургијата, Архиереите го благословија и пресекоа празничниот леб.

