Новинарски текстови во дневни весници пишувани пред еден век зборуваа за нашето Царево Село, јасно сликајќи конкретни настани и личности кои дале свој белег во тоа време.
Десетина статии беа денеска собрани во една убава изложба посветена на историјата и културното минато на нашето Царево Село претставувано преку архивски текстови и пишани извори во периодот 1924-1937 година.
Изложбата е во организација на ЈЛБ „Илинден“ и во оваа прилика им честитам за убавата иницијатива и за трудот да се соберат и да се промовираат овие новинарски статии пожолтено од времето, но богати по содржина и значење.
Тоа е историја, доказ за животот во овој град, сведоштво за луѓето кои го влечеле тешкото секојдневие на својот грб, но и јасен показател за нашето минато, идентитет и борба за опстој.
Ми претставуваше посебно задоволство што денеска присуствував на оваа изложба и што имав можност лично да посведочам за овие страници низ времето кои покажуваат дека иако времињата се менувале, духот на делчевци и Делчево останува да пркоси низ времето.
Линк до фотогалерија: https://www.facebook.com/share/p/1ADWZkaaKy/

