Интервенции со крупна механизацина на Општина Виница по обилните врнежи
По обилните врнежи изминатите денови, Општина Виница денеска интервенираше на повеќе критични локации со градежна механизација.
Паднати дрвја и наноси во коритото на Виничка Река го сменија текот на реката и предизвикаа локални поплави, по што беше извршено расчистување и стабилизирање на состојбата.
Интервенции имаше и на неколку патни правци за отстранување одрони, со цел нормализирање на сообраќајот и зголемување на безбедноста.
Извор: Општина Виница

