Работен состанок на пензионерите во село Истибања
Во Пензионерскиот клуб во Истибања се одржа работен состанок со пензионерите од селото. Состанокот се одвиваше под претседателство на Павлина Ангеловска, со присуство на Стојко Митковски – републички делегат од ЗП Виница, Јаким Тасков – претседател на Огранокот Истибања и Моне Петров – делегат во ЗП Виница.
На средбата беше презентиран извештајот за работата во текот на 2025 година, како и предлог-програмата за активностите планирани за 2026 година. Пензионерите дискутираа за тековните прашања и идните активности на огранокот.

