Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.С.(36) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 31.12.2025 во Делчево, пријавениот физички нападнал полицискиот службеник кој извршувал службени дејствија.

