Света Архиерејска Литургија и храмова слава во Оризари
На 31 јануари 2026 година, кога Македонската православна црква го одбележува споменот на свети Атанасиј Велики и свети Кирил Александриски, во храмот „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари, Кочани беше одржана Света Архиерејска Литургија и храмова слава.
Со Литургијата началствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија. По читањето на Светото Евангелие, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна духовна беседа пред верниот народ.
По завршувањето на Светата Литургија беше извршена литија околу храмот со иконата на свети Атанасиј Велики, по што следеше мал водосвет и благословување и кршење на празничниот леб, во духот на традицијата и заедништвото на верниците.

