Божествена Литургија во храмот „Преп. Наум Охридски – Чудотворец“ во Делчево
Денес, 1 февруари 2026 година, во Неделата на митарот и фарисејот, кога се чествуваат преподобниот Макариј Велики и свети Марко Ефески, во храмот „Преп. Наум Охридски – Чудотворец“ во Делчево беше служена Божествена Литургија.
Со Литургијата началствуваше епископот Делчевско-каменички г. Марко. По читањето на Светото Евангелие, владиката одржа архипастирска беседа, во која ја протолкува евангелската порака и истакна дека Црквата нè подготвува за почетокот на Великиот пост преку повик на смирение и покајание.
Во беседата беше нагласено дека без смирение и искрено покајание, постот и молитвата ја губат својата суштина, а верниците беа повикани да не се споредуваат со другите, туку да навлезат во длабочината на сопственото срце.
На крајот од Светата Литургија, верниот народ пристапи и се причести со Светите Божествени Дарови.

