По убедливиот почеток на гостинките од Македонска Каменица, кои обезбедија плус 10 (24:14), кошаркарките од Неготино успеаја да го искорстат опуштањето во играта на шампионот во втората.
Дури и ја добија, со минимални (20:19).
Но во второто полувреме, малку поинаков пристап на Баскет кам, кој резултираше со убедливи (28:11) во третито дел од играта, доволни за тренерот Тони Симиќ, во игра да внесе и некои помлади кошаркарки во екипата во послдените десет.
Димова реализираше двоен ефект од 23.поени и 12.скока, Поп – Димитровска и Дојчинова ја следеа со по 18.реализации, додека Максимовска постигна 17 (плус и девет скока). Двоен броој на поени – 11, оствари и Хафдалуи.
Во домашниот состав, Динова броеше до 18.поени, Митановска имаше 13, а Лукиќ заврши со дабл-дабл од десет поени и исто толку скокови.

