Ноќеска била фрлена бомба на куќата на Здравко Чолиќ на Дедиње во Белград. Според првичните информации, нема повредени лица, но причинета е значителна материјална штета, објавува српскиот портал „Телеграф“.
Според неофицијални извори, пејачот наводно не бил во домот во моментот на експлозијата, но засега нема официјална потврда за движењето на членовите на неговото семејство. Соседите изјавиле дека се слушнала „страшна детонација“ која силно ги вознемирила.
Полициските сили веднаш по пријавата ги блокирале приодите до објектот, а увидот на лице место го вршат припадници на Министерството за внатрешни работи, заедно со дежурен обвинител од Вишото јавно обвинителство во Белград.
Форензичките екипи собираат докази и ги проверуваат снимките од околните надзорни камери со цел да се идентификува сторителот, наведува порталот.

