ЗРСК „Шаран“ започнува со издавање дозволи за рекреативен риболов за 2026 година
Здружението за рекреативен спортски риболов „Шаран“ од Македонска Каменица ги информира членовите и сите љубители на риболовот дека од 9 февруари 2026 година започнува продажбата на дозволи за рекреативен риболов.
Дозволите ќе можат да се набават во трафиката „Бонви 2021“, а услов за нивно издавање е поседување легитимација и платена членарина во МРФ за 2026 година.
Цените на дозволите се:
дневна дозвола – 300 денари
годишна дозвола – 3.500 денари
За лица на возраст од 15 до 18 години, годишната дозвола изнесува 1.000 денари.
За деца до 15 години не е потребна дозвола, туку само легитимација и присуство на полнолетно лице кое поседува важечка дозвола за рекреативен риболов.
Дозволите важат за риболов на езерото Калиманци, Каменичка Река, река Брегалница до село Митрашинци, како и на сите помали притоки во овој регион.
Од ЗРСК „Шаран“ потсетуваат дека ловењето без дозвола е строго забрането и казниво согласно закон, и апелираат на почитување на правилата и одговорно однесување кон природата.
Бистро!
ЗРСК „Шаран“ – Македонска Каменица

