Пчеларска вечер во ресторан „Иднина“ на 28 февруари 2026 година
На 28 февруари 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во ресторан „Иднина“ ќе се одржи Пчеларска вечер од отворен карактер, во организација на Пчеларското здружение „Еко Кам Мед“ од Македонска Каменица.

За присутните е подготвена музичка вечер со „Модерато и Кристина“, богато мени и лотарија со главна награда – центрифуга за мед.
Картите се во ограничен број и можат да се набават на следните продажни места: Продавница „Лео Компани“, Пиљара „Медар“ и кја Данка Постоловска.
Од пчеларското здружение ги покануваат сите заинтересирани пчелари и граѓани на Македонска Каменица и регионот, навремено да си обезбедат карта и да бидат дел од оваа пријатна и дружељубива пчеларска вечер.

