Фудбалерите на Брегалница забележаа нова убедлива победа од 3:0 над ФК Каменица Саса во пријателски натпревар одигран на Градскиот стадион во Штип, во рамките на подготовките за продолжението од сезоната.
Штипскиот тим рано го наметна својот ритам и резултатска предност. Костов беше расположен за игра и постигна два гола уште во првото полувреме, погодувајќи во 6. и 12. минута, со што Брегалница брзо стекна сигурна предност.
Конечниот резултат го постави Капсаров, кој беше прецизен од пенал во 26. минута, за убедливи 3:0, резултат кој остана непроменет до крајот на средбата.
Денешниот натпревар заврши со идентичен резултат, како и натпреварот одигран пред неколку денови во Македонска Каменица, кога гостите од Штип славеа со 3:0.
Текст и фото: М Нет Штип

