Нашиот Антонио Цветковски се враќа на фудбалските терени – стави потпис за клуб од четвртата австриска лига
Нашиот 36 годишен сограѓанин Антонио Цветковски, повторно му се враќа на активниот фудбал, откако официјално потпиша договор со австрискиот клуб USV Knoblinger Neuhofen im Innkreis.
Со овој ангажман, Цветковски ќе настапува во Landesliga West во сезоната 2025/26, лига која е дел од покраински фудбалски систем и претставува четврто ниво на натпреварување во Австрија.
Цветковски е фудбалер на младинските школи на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица, каде ги прави своите први фудбалски чекори. Во сениорскиот тим на клубот беше долгогодишен стандарден првотимец и еден од носителите на играта, оставајќи траен белег со настапите и професионален однос на теренот.
На Антонио Цветковски му упатуваме искрени честитки за новиот фудбалски почеток, со искрени желби за многу нови успеси, како на приватен, така и на професионален план.


