ЈП „Камена Река“ спроведе организирано чистење од градската депонија до влезот на Македонска Каменица

ЈП „Камена Река“ реализираше организирано чистење на потегот од градската депонија до влезот на Македонска Каменица, со цел унапредување на хигиената и заштита на животната средина.

Од претпријатието апелираат до граѓаните отпадот да се одлага исклучиво на означени и соодветни места, со што заеднички ќе се придонесе за почиста и уредна Македонска Каменица.
Претходно, претпријатието спроведе неколку слични акции за уредување и на други јавни површини во Македонска Каменица.
Грижата за животната средина е заедничка обврска.


