Известување за Задушници – Распоред за присуство на свештениците во Каменичка парохија
Свештенството при Каменичка парохија ги информира верниците дека во петок и сабота, 13 и 14 февруари, Православната Црква ги одбележува Задушниците – денови посветени на молитвен спомен за упокоените предци, сродници и ближни.
Во овие денови, со молитва и надеж во воскресението, се принесуваат молитви за прошка на гревовите и за нивно упокојување во Царството Небесно.
Распоред на молитвите:
Петок – 13 февруари
13:30 часот – Св. Илија, Македонска Каменица
14:30 часот – Нови гробишта, Македонска Каменица
15:30 часот – с. Тодоровци
Сабота – 14 февруари
06:00 часот – с. Саса
06:00 часот – с. Моштица
07:00 часот – Грчки гробишта
07:00 часот – с. Луковица
09:00 часот – Св. Илија, Македонска Каменица
10:00 часот – Нови гробишта, Македонска Каменица
Свештенството ги повикува верниците достојно и молитвено да ги одбележат Задушниците.

