Архиерејска Литургија за Сретение Господово во Македонска Каменица
На 15 февруари, во Неделата Месопусна – посветена на споменот за Страшниот Суд, кога Црквата го празнува и големиот Господов празник Сретение Господово, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица ќе се отслужи света богослужба.
Богослужбениот распоред е следниот:
– 07:00 часот – Утрена
– 08:15 часот – Света Божествена Литургија
Со Светата Божествена Литургија ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, Епископот Делчевско-каменички г. Марко, во сослужение со свештенството од епархијата.
На празникот Сретение Господово се одбележува принесувањето на Младенецот Христос во храмот и Неговото пресретнување од праведниот Симеон Богопримец, додека Месопусната недела потсетува на духовната одговорност и подготовката за Великиот пост.
Од храмот упатуваат повик до верниците во што поголем број молитвено да земат учество во Литургијата и да се причестат со Светите Христови Тајни.


