Социјалната мрежа „Фејсбук“ моментално се соочува со технички проблеми на нивната компјутерска платформа, односно „desktop“ верзија. Истата предизвикува потешкотии при пристапот и користењето на платформата. Голем број корисници пријавуваат дека страницата не се отвора соодветно или прикажува порака за грешка.
Според податоците од платформата „Down Detector“, корисници од повеќе земји веќе пријавиле проблеми со вчитување на почетната страница, прегледување на профили, како и користење на Messenger. Најчесто, при обид за отворање на Фејсбук се појавува пораката:
„Something went wrong.
This may be because of a technical error that we’re working to get fixed. Try reloading this page.“
Оваа порака укажува на техничка грешка од страна на системот, при што од компанијата најверојатно веќе работат на отстранување на проблемот. Засега нема официјално соопштение од Meta за причините за прекинот, ниту колку долго ќе трае.
Корисниците на социјалните мрежи веќе споделуваат дека имаат проблеми со логирање, освежување на содржина и испраќање пораки. Ваквите глобални прекини најчесто се решаваат во рок од неколку часа.
Се препорачува корисниците да се обидат повторно подоцна или да ја освежат страницата, додека техничките тимови работат на стабилизирање на услугата.
Останува да се види кога платформата целосно ќе се врати во нормална функција.

