Започна заловување на бездомни кучиња во Македонска Каменица – граѓаните очекуваат решавање на проблемот
Македонска Каменица, 11. Февруари 2026 година – Во Македонска Каменица денеска се спроведува акција за заловување на бездомни кучиња на територијата на градот. Активноста се реализира со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и обезбедување хумано постапување со животните.

Акцијата ја спроведува овластената фирма Друштво за услуги „Ветеринарна станица“ ДООЕЛ Виница, согласно законските прописи и утврдени процедури.
Во изминатиот период до нашата редакција пристигнаа повеќе поплаки од граѓани за зголемен број кучиња скитници во градот, како и за ситуации што предизвикуваат чувство на небезбедност кај населението.
Како медиум, заедно со жителите на Македонска Каменица, изразуваме надеж дека со оваа акција системски и трајно ќе биде решен овој повеќегодишен проблем, во интерес на сите граѓани и со почитување на принципите на хуман третман на животните.
Пишува: Горан Бразда
Фото: Архива Каменица.Мк / MediaPoint
